Дачиќ: Очекувам силен притисок од ЕУ поради Русија

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за „Данас“ изјави дека очекува силен притисок на Европската унија за Србија да воведе санкции кон Русија.

„Зависно од развојот на ситуацијата во Украина така ќе се формира и ставот на ЕУ,“ посочи Дачиќ.

Дачиќ смета дека односот на ЕУ кон српскиот став за невоведување на санкции кон Русија ќе се менува во согласност со интензитетот на судирот во Украина, односно со заострувањето на судирите меѓу ЕУ и Москва.

Тој не очекува промена на односот кон Србија со именувањето на новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

„Очекувам меѓусебна доверба, разбирање и партнерство,“ истакна Дачиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.