Дачиќ: Одлуката на Пантиќ да не ја презеде функцијата градоначалник на Косовска Митровица е лична

Одлуката на Крстимир Пантиќ да не ја презеде функцијата градоначалник на Косовска Митровица предизвика остри реакции од страна на опозициските партии, пишува денеска српскиот весник „Политика“. Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, изјавил дека одлуката на Пантиќ е лична.

„Имаме проблем со тоа дека некој периферни прашања стануваат клучни и преку нив Приштина сака на секаков начин да ја афирмира својата државност“, изјавил Дачиќ.