Балкан

Дачиќ: Oдносите меѓу Србија и Русија не се предмет на никаква трговија

Дачиќ: Oдносите меѓу Србија и Русија не се предмет на никаква трговија
Дачиќ: Русија нема ништо против влезот на Србија во ЕУ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека односите меѓу Србија и Русија не се предмет на никаква трговија со трети држави или организации, туку се стабилни, пријателски и братски, а таквата соработка ќе продолжи понатаму.

– Односите далеку ги надминуваат дневно политичките теми. Меѓу двете земји нема спорни прашања. И благодариме на Русија поради поддршката околу Косово, истакна Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој нагласи дека често слуша идеи како Србија се наоѓа „меѓу два огна“ или „седи на две столици“.

– Ние нашата политика не можеме да ја криеме. Имамо јавно изречени одлуки. Србија има своја политичка цел да биде членка на ЕУ, но тоа не значи дека треба да го прекине односот со пријателските земји, пред се со Русија, додаде Дачиќ.

Лавров истакнал дека Русија високо го оценува нивото на односите кое го има со Србија.

– Министерот Дачиќ го изнесе ставот на Србија. Нема многу држави во Европа кои имаат таков став. Повеќето имаат став или-или. Ставот на Србија е оригинално европски, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Двајцата министри позитивно ги оценија трговско-економските односи меѓу Белград и Москва, додавајќи дека се уште има многу простор за нивно унапредување, а посебно се осврнале на енергетиката.