Дачиќ: Односите со Црна Гора во постојан подем

Претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ во денешниoт разговор со амбасадорот на Црна Гора на заминување, Игор Јововиќ истакна дека односите меѓу двете држави се значајно унапредени и се во постојан подем, соопшти српската Влада.

Посебно ќе биде значајна соработката меѓу двете држави на патот спрема ЕУ, како и потребата да се унапредат економските односи, оцени премиерот Дачиќ.

Тој истакна дека амбасадорот Игор Јововиќ, кој наскоро заминува од таа функција, дал голем прионес во унапредувањето на односите на овие две земји.