Дачиќ: Потребни се и предвремени претседателски избори

Во Србија се неопходни и предвремени избори за претседател, изјавил лидерот на Социјалистичката партија Ивица Дачиќ, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

Во обраќањето во Нови Сад, Дачиќ истакнал дека во Србија се променило се’, и дека се потребни и избори на ниво на Војводина, а во наредниот период и избори за претседател. Според него сите се познаваат веќе 20 години и тешко ќе може да се смени мислењето на некого за време на предизборната кампања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.