Дачиќ: Србија и Турција треба да разговараат за подобрување на односите

„Турција испрати јасна порака дека сака добри односи со Србија и освен формално извинување, се’ друго е тука. Треба да се разговара бидејќи никој не сака замрзнати односи“, изјавил премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, пренесуваат локалните медиуми.

Според Дачиќ за да се дојде до помирување и едната и другата страна треба да се почитуваат и да не даваат изјави од навредлив карактер.

„Изјавата на премиерот Ердоган од октомври минатата година без сомнение предизвика негативни последици врз нашите билатерални односи“, изјавил Дачиќ.

Во октомври турскиот премиер изјави дека „Косово е Турција и Турција е Косово“, а неговата изјава ја разлути цела Србија.