Дачиќ: Србија не очекува нови услови за време на преговорите со ЕУ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјавил дека се’ уште нема информации за тоа која глава прва ќе биде отворена во преговорите со Европската унија, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Дачиќ истакнал уште дека не очекува ЕУ да и наметне нови услови на Србија, како признавање на независноста на Косово. Премиерот прогнозирал дека најверојатно прво ќе бидат отворени поглавјата 23, 24 и 35, што се однесуваат на правосудството во земјата, нејзината безбедност и за односите со Косово.