Балкан

Дачиќ, Тачи и Ештон кандидати за Нобелова награда?

Дачиќ, Тачи и Ештон кандидати за Нобелова награда?

Лидерот на албанскиот Кокус во американскиот Конгрес, Елиот Енгел, лобира да ја добие поддршката на останатите конгресмени за номинација на високите претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за Нобелова награда за мир, дознава „Танјуг“.

Како што било кажано во српскиот Кокус, демократскиот конгресмен од Њујорк активно се обидува да добие поддршка од своите колеги за оваа иницијатива, по што ќе одлучат дали ќе контактираат со Нобеловиот комитет.

Конгресменот Енгел по тој повод го контактирал и српскиот Кокус, барајќи ја нивната поддршка, но Кокусот се’ уште не дал конечен збор, бидејќи го чека мислењето од Владата на Србија по тоа прашање.

„Се’ уште не сме одлучиле, го чекаме ставот од српската Влада, а Енгел вели дека целта на неговата иницијатива е нормализација на односите меѓу Србија и Косов“; велат за „Танјуг“ од српскиот Кокус.