Дачиќ во посета на Москва

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ во Москва ќе разговара со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во рамки на подоготовките на Србија за претседавањето со ОБСЕ во 2015-та година.

Двајцата министри ќе разговараат и за билатералната соработка, како и за соработката на меѓународен план.

Инаку тоа ќе биде прва посета на Дачиќ во Москва во својство на министер за надворешни работи.

Посетата претходно била планирана за 8-ми декември, но на барање на руската страна била одложена за 19-ти декември.

Во рамки на подготовките за претседавањето на Србија со ОБСЕ Дачиќ ќе ги посети и Франција, Русија и Украина.