Дачиќ: Вучиќ го предадоа неговите луѓе, а не јас

Лидерот на СПС и српски шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, по неколку дена молк, сепак изреагира на обвинувањата на поголемиот дел од министрите од редовите на СНС, кои ги обвинија социјалистите дека не ги застапуваат интересите на Владата и не го поддржуваат премиерот Александар Вучиќ, пишува српски Курир, пренесува НетПрес.

Дачиќ, топката ја префрли на коалициониот партнер СНС, обвинувајќи ги дека тие се оние кои не работат во интерес на Владата.

Така Далиќ во својата одбрана рекол дека СНС нема конкретни партнери од социјалистите и никој од неговите редови не работи против Владата и премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.