Дачиќ: Зошто да има предвремени избори ако има резултати

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, вели дека нема проблем со организирање на предвремени парламентарни избори, но не гледа причина поради која тие треба да бидат закажани, пренесе агенцијата „Бета“.

Според Дачиќ ова е прва година во која Србија постигнала резултати, додавајќи дека за тоа им е многу благодарен на вицепремиерот Александар Вучиќ и на претседателот Томислав Николиќ. Според него помеѓу нив тројца нема забелешки за нивната работа.

„Ако некој сега се појави на избори не може да ја поддржува тезата дека Владата е лоша“, изјавил Дачиќ.