понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Дачиќ: Целта им е голема Албанија, го придодадоа Ниш, утре ќе сакаат и Скопје, Улцињ, Епир

Шефот на српската дипломатија порачува дека албанските политичари „треба добро да ги одмеруваат своите зборовик, бидејќи на меѓународната сцена ги нема нивните заштитници кои ја бомбардираа Србија за да ѝ го грабнат Косово на Србија“

ivic DACIC

Поврзани вести

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека Европската унија, САД и Велика Британија ќе бидат дирекно одговорни за последиците доколку не реагираат на изјавата на албанските политичари за обединување на Албанија и на Косово.

Ивица Дачиќ вели дека албанските политичари отворено признале дека Прешевската долина треба да е дел од Голема Албанија и дека всушност тоа е крајната цел, пренесува Б 92.

„Муслиу го придодаде Ниш, утре тоа ќе биде Скопје, Улцињ, Епир. Ќе проговорат ли ЕУ, САД и Велика Британија за ова. Ако тоа не го сторат и овојпат кога ‘Голема Албанија’ стаса до Ниш, дирекно ќе одговараат за последиците“, истакнал Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија порачува дека албанските политичари „треба добро да ги одмеруваат своите зборовик, бидејќи на меѓународната сцена ги нема нивните заштитници кои ја бомбардираа Србија за да ѝ го грабнат Косово на Србија“.

„Тоа веќе никогаш нема да се повтори… За среќа тоа е само сон. Но искуството нé учи дека е кус патот од сништата до кошмарот“, додаде Дачиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави претходно дека не може да се исклучи унија меѓу Албанија и Косово, доколку нема да има можноста за членство на земјите од западен Балкан во Европската унија.

Претседателот на општината Бујановац, Јонуз Муслиу, изјави во четвртокот дека официјална Тирана има целосна поддршка за „обединување на Албанија и Косово“, доколку изостане нивната европска перспектива, „но не без Прешево“.

Муслиу во изјава за локална агенција изјави дека ги поддржува изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на косовскиот претседател Хашим Тачи за унијата на Албанија и Косово, но смета дека „без Ниш нема Голема Албанија“.

Хашим Тачи претходно изјави за Радио Слободна Европа дека доколу ЕУ ги затвори вратите за Косово „сите Албанци во регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи натаму со интеграцијата во европското семејство“.

Најчитани вести