Дачиќ: Голема Албанија е примарна цел на сите Албанци

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека албански политичари се главна закана за мирот и стабилноста не само на Балканот туку и во Европа, и оти ЕУ треба тоа да го разбере.

Во изјава за бриселски Euroactiv, Дачиќ рече дека е „целосно апсурдно“ да се смета оти „Белград шири страв на Балканот“.

„Координираните изјави на Рама, Тачи и градоначалникот на Бујановац, Јонуз Муслиу, покажуваат дека голема Албанија е примарна цел на сите Албанци“, вели јави Дачиќ.

„Длабоко жалам што Европeјците и меѓународната заедница, особено ЕУ, не реагираат на фактот дека албански политичари се најголема закана за мирот и стабилноста не само на Балканот туку и во Европа“, нагласува шефот на српската дипломатија.

Додава додаде дека Европската унија треба да ги заштити своите основачки принципи и достигнувања „ако и натаму важат и ако и понатаму се почитуваат“.