Дачиќ му пееше на уво на Еди Рама за роденден!

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ веќе е познат по тоа што често сака да ги покажува сопствените пејачки способности.

Како што пренесуваат српските медиуми, на свечената вечера на Самитот за западен Балкан во Париз му пеел на уво на Еди Рама, премиерот на Албанија.

Имено Франсоа Оланд, претседател на Франција, организираше свечена вечера по самото завршување на самитот. Бидејќи на Еди Рама тој ден му беше роденден, тој го замолил Дачиќ нешто да му отпее.

Се разбира главниот  пејач на политичката сцена оваа понуда не ја одбил. Дачиќ на цел глас му ги пеел на Рама „О соле мио“ и „Санта Лучија“, а пред да запее прашал: А каде ви е оркестарот?

На изненадување на Ангела Меркел, германската канцеларка и домаќинот Оланд, наведуваат медиумите, Дачиќ запеал како на концерт и ништо не можело да го спречи да ги покаже своите пејачки способности.

Оланд, Меркел и Фредерика Могерини го прегрнуваа и бакнуваа- говори изворот кој бил на вечерата.