Балкан

Дачиќ: Не се играјте со нервите и мускулите на Србија

Дачиќ: Не се играјте со нервите и мускулите на Србија

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека го поддржува залагањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ за разграничување на Косово и оти смета дека тоа е единствено можно и брзо решение и порача дека треба да се срамат оние коишто денес зборуваат деја нема повеќе промени на границите, бидејќи токму тие се кои ја урнале српската граница и со тоа ја отвориле Пандорината кутија.

„Тие нашата граница ја урнаа и сега се сетија деја ’нема промени на границите’. Ја отворивте Пандорината кутија и нема повеќе да се зборува за тоа. Засрамете се лицемери едни“, исткана шефот на српска дипломатија на заедничката прес-конференција со портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, којашто престојува во посета на Белград.

Порача дека тоа важи и за Македонија, којашто сега, „кога ним им затропаа на вратата се сети“ дека нема промени на границите.

„За која граница зборувате, за границта на Косово и Србија, а која ја верификувал таа граница? Оние коишто помогнаа косово да стане независно сега зборуваат за тоа дека нема промени на границите“, критикуваше Дачиќ.

Рече дека сега сите се сетиле дека нема промени на границите според етнички принцим, иронично прашувајќи дали можеби албанската герлиска Ослободителна војска на Косово (UCK – OВК) била мултиетничка организација којашто се борела за мултиетничко Косово.

„На оној кој мисли дека, кога ќе покажеме желба за компромис, сме слаби, му пораќувам – не се играјте со нервите и мускулите на Србија“, порача Дачиќ.

Дачиќ истакна дека се’ уште е рано да се зборува дали до тоа ќе дојде или не. Исто така, коментирајќи го ставот на САД, тој рече нивната позиција се променила, бидејќи претходно сметале оти прашањето за Косово е решено и дека таа тема веќе не може да се отвора.

„Со доаѓањето на новата администрација се промени позицијата во смисла дека се отворени да ги разгледаат сите предлози за креативни и флексибилни решенија. Тоа е она што ние го баравме“, рече Дачиќ.

Додаде дека САД, Русија и Франција се многу заинтересирани да се дојде до компромисно решение.

Дачиќ подвлече дека нема решение без Русија, Кина, но и САД. „Велика Британија не можам да ја споменувам, бидејќи неа не ја интересира српскиот став. Тоа ќе го имаме предвид кога ним ќе им биде потребно нешто“, истакна.