ВИДЕО: Дачиќ пред дипломатите на ОБСЕ пееше народни песни

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ повторно се фати за микрофон и тоа на последната вечер на министерскиот совет на ОБСЕ.

Delic atmosfere od sinocMinistar & Diverso band – Jorgovani

Posted by Diverso band on Sunday, December 6, 2015

Тој на конференцијата што се одржа следниот ден изјави дека следниот самит што ќе се одржи во Германија нема да го има тој белградски дух, односно дека Штајнмајер сигурно нема да пее.

Дачиќ е познат по тоа што ја користи секоја прилика за да запее, па така ги забавувал и министрите на патот до Ниш со Халид Бешлиќ во Сарајево на Конференцијата за безбедност и технологија на Балканот пееше севдалинки и хитови од народната музика.

За време на посетата на Тирана на алабанскиот премиер Еди Рама на увце му пеел О соле мио, а неодамна со Сергел Лавров во дует ја пееле „Подмосковска вечера“.

Иако и понатаму се нижат прозивките на негова сметка, Дачиќ не отстапува од загревањето на атмосферата со пеење, но репертоарот почнува да се менува.