Дачиќ разочаран од Црна Гора и Македонија, за приемот на Косово во УНЕСКО

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека е разочаран од Црна Гора и Македонија, кои гласаа за прием на Косово во УНЕСКО.

Тој нагласи дека не е изненаден, но и дека тоа е нешто што сигурно ќе мораат да го постават како прашање во односите со двете земји.

За време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк, Дачиќ порача дека „како некој се однесува кон интересите на Србија, така и Србија ќе се однесува кон неговите интереси“.