Дачиќ се обрати до хрватскиот премиер: Не сме исти, ние не бевме на страната на Хитлер

Тоа што денеска го прави Хрватска е глупост, изјави шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во одговор на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и порача дека е точно дека двете земјо не се еднакви, бидејќи Србија не била на страната на Хитлер и не вршела Холокауст над Евреите.

„Не сме исти, бидејќи мислиме дека ова што го прави Хрватска е чиста глупост и дека подобро да се занимаваме со развојот на нашите односи отколку да водиме дипломатска војна. И Пленковиќ го знае тоа, но мисли дека тоа му носи политички поени. И тоа е жално“ рекол Дачиќ во изјава за регионалната телевизија N1.

Коментарот на Дачиќ следи по вчерашната изјава на Пленковиќ, кој рече дека не е добро да се користи зборот војна, ниту во дипломатска ниту во било каква смисла.

Дачиќ додаде и дека за разлика од Хрватска, Србија не ги негира злосторствата, туку ги казнува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.