Дачиќ се затрул од козји гулаш во Африка

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за време на дипломатската посета во африканските земји доживеал вистинска драма кога му се слошило најверојатно поради локален специјалитет.

Дачиќ, како што тврдат српските медиуми јадел козји гулаш, кој е специјалитет во Буркина Фасо, а подоцна му се слошило. Подоцна примил инфузија, па неговата состојба се подобрила.

Изворите откриваат дека, иако Дачиќ е со општа добра здравствена состојба, ваквите ситуации воопшто не се пријатни, посебно ако се наоѓате во непристапни и егзотични земји.

На ваквите патувања се води сметка што се јаде, но промената на клима, временските разлики, па и водата можат да предизвикаат повраќање и дијареја. Добро е што по брзата интервенција на лекарите на министерот му беше многу подобро – објавуваат српските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.