Македонија

Дачиќ: Силно разузнавачко делување против Србија засилено со странски фактор

Дачиќ: Силно разузнавачко делување против Србија засилено со странски фактор

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави во поенделникот дека Белград ќе ги преземе сите мерки да ги заштити српските интереси во Македонија и истовремено ќе ги преиспита способностите и капацитетите за извршување на работите на амбасадата во Скопје во актуелните услови.

„Веќе следната недела, по состаноците што ќе ги имаме овде и разговорите со претседателот Александар Вучиќ, дел од персоналот на Амбасадата ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна кога ќе ги завршиме сите консултации што треба да ги направивме овде во Белград“, рече Дачиќ во изјава за Танјуг.

Според него, вработените во Амбасадата на Србија во Македонија се повелечени бидејќи „недвосмислено со јасни докази е утврдено засилено офанзивно дејствување кон Република Србија“ во кое, како што вели, е присутен и странски фактор.

„ Ќе преземеме мерки за да се подготвиме за работа во едно такво опкружување“, рече Дачиќ истакнувајќи  Србија сака добри односи со Македонија.

Посочи дека на оваа тема денеска разговарал со претседателот Вучиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Дачиќ вели дека српското МНР вчера го известило МНР на Македонија за повлекувањето на целокупниот персонал од Амбасадата во Скопје на консултации во Белград.

„Ние недвосмислено сакаме добри односи со Македонија. Сакаме да градиме добри односи затоа што сме соседи, затоа што имаме многу заеднички интереси и затоа што сме два блиски народа. Но, наша обврска е да ги заштитиме нашите интереси и во согласност со тоа ќе ги применуваме основните дипломатски принципи во меѓуанродните односи, односно принципот на реципроцитет во сите области“, рече Дачиќ