Дачиќ: Косово да стане членка на УНЕСКО е неприфатливо за Србија

Косово неможе во УНЕСКО. Ова стои во писмото што српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ го упати до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун по повод намерата Косово да стане членка на УНЕСКО.

Српскиот министер за надворешни работи нагласува дека за Србија е неприфатливо Косово да стане член на УНЕСКО бидејќи земјата, односно поранешната покраина на Србија, не може да се смета како држава.

Србија не ја променила својата позиција во однос на статусот на покраината

Дачиќ: Косово неможе да стане членка на УНЕСКО
Дачиќ: Косово неможе да стане членка на УНЕСКО

Како што пренесува Танјуг, Дачиќ во писмото, истакнал дека Србија не ја променила својата позиција во однос на статусот на покраината, иако се соочува со барања и настојувања од страна на Приштина да се вклучи во работата на меѓународните организации надвор од контекстот на договорот за регионално претставување и соработка.

Нагласил дека тоа за Србија е неприфатливо и како последен таков пример го навел настојувањето Косово да стане членка на УНЕСКО.

Барањето е поднесено о намера да се потврди косовската „државност“

Според него очигледно е дека таквото барање е поднесено со намера да се потврди косовската „државност“, што, како што вели Дачиќ, излегува од рамките на мандатот на УНМИК и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН.

Тоа за Србија е неприфатливо. Косово како територија, согласно важечката и обврзувачка резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, не може да се смета за држава, а со тоа и да се квалификува за прием во УНЕСКО, напишал Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија укажува дека секој друг потег околу разгледување на прашањето за Косово да стане членка на УНЕСКО ќе претставува игнорирање, односно повреда на правните одредби постигнати под покровителство на ОН за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

Дачиќ, во образложението зошто Косово неможе да стане членка на УНЕСКО, потсетува дека од јуни 1990-тата година до денес се нападнати 536 цркви, манастири и други објекти коишто се сопственост на СПЦ, како културно историски споменици, од кои што 61 имаат статус на споменици на културата, а 18 од нив се од исклучително значење за Србија.

Тој исто така потсетува дека во косовскиот парламент чека на узвојување Законот за културното наследство, со кој што се негира приватната сопственост на СПЦ над црквите и манастирите со образложение дека сето тоа е сопственост на Косово.