Дадаев го признал убиството на Немцов под тортура

Поранешниот чеченски полицаец кој признал дека учествувал во убиството на рускиот опозициски активист Борис Немцов „веројатно го признал под тортура“, изјави членот на Советот за цивилно општество и човекови права на Кремљ, Андреј Бабушкин.

-Постојат причини кои не наведуваат дека Заур Дадаев го призна делото под тортура, изјавил Андреј Бабушкин во изјава за АФП и додал дека видел „голем број рани по телото на главниот осомничен за убиството“ во рамки на вчерашната посета во ќелијата.

Во врска со убиството на Немцов биле приведени пет мажи од Чеченија, меѓу кои е и Дадаев.

Тие се изведени пред судот во Москва пред три дена. Тој и уште еден осомничен се обвинети за вмешаност за убиството на Немцов, а останатите тројца се во затвор и чекаат против нив да биде покренато обвинение.

Еден од судиите изјавил дека Дадаев признал дека е вмешан, но во судницата не ја признал вината.

фото: klix.ba

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.