вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

Дадидлката монструм денес седнува на обвинителна клупа

Дадилката монструм која беше снимена како малтретира 9-месечно бебе, денес ќе седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Поднесено обвнинение за дадилката што тепаше бебе

Поднесено обвнинение за дадилката што тепаше бебе

Поврзани вести

Дадилката монструм која беше снимена како малтретира 9-месечно бебе, денес ќе седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Како што пишува весникот „Вест“ на 61- годишната Т.С. од скопско Ѓорче Петров, која била ангажирана да се грижи за бебето, ќе и се суди за запуштање и малтретирање на малолетно лице.

Основното јавно обвинителство Скопје, на почетокот на ноември поднесе обвинение против дадилката. Скопскиот кривичен суд позитивно го оцени обвинението. Обвинението се заснова врз основа на прибраните докази, меѓу кои и извршени вештачења за психичката состојба кај на осомничената и настанатите последици врз бебето.

Откако родителите забележале дека детето има модринки по телото и ноќе се буди со плачење, поставиле камера во куќата.

Дадилката речиси половина година го чувала детето. На снимката, која се појави на социјалните мрежи, се гледа како дадилката го удира бебето по главата и по телото.

По обелоденување на снимениот материјал, дадилката беше изведена на распит кај судија на претходна постапка, кој и одреди мерка притвор. Т.С. се наоѓа во Истражниот затвор во Скопје. Нејзиниот адвокат побара од Судот снимките да бидат отфрлени како доказ, оти се јавно објавени, но барањето беше одбиено.

Видеото погледнете го на следниот линк.

Најчитани вести