среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

The Daily Caller: Заев ѝ помага на Грција во промена на името на Македонија

Зоран Заев е политичар со криминално досие кој и помага на Грција во промена на името на Македонија, а имајќи го во предвид високиот рејтинг на Никола Груевски огромни се шансите Груевски повторно да биде премиер, се вели во текстот на Др. Теодор Кариск за престижниот The Daily Caller, пренесува „Курир“.

dc

Последни вести

Зоран Заев е политичар со криминално досие кој и помага на Грција во промена на името на Македонија, а имајќи го во предвид високиот рејтинг на Никола Груевски огромни се шансите Груевски повторно да биде премиер, се вели во текстот на Др. Теодор Кариск за престижниот The Daily Caller, пренесува „Курир“.

Правејќи паралела помеѓу 1990-те години, транзицијата и војните кои се водеа на Балканот по распадот на Југославија, Kариск објаснува дека лидери како што е Никола Груевски во Македонија, кој како што пишува повторно ќе биде премиер на Македонија, се ретки и дека Груевски ја предводел државата во еден систем на демократско владеење во и со добра волја.

Ја предводеше нацијата кон евроатланска интеграција, позитивни економски политики и развој. Под негово владеење започнаа и процесот на евроинтеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, пишува Др. Kариск.

За жал, пишува тој,  нестабилноста поттикната од радикализам и мигрантска криза со која се соочува Македонија, повторно покажуваат моќ.

Се оживуваат долго маргинализираните гласови, оние помалку демократските. Охрабрени од опасноста која доаѓа од Блискиот Исток но и од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет криминалец, пишува Kариск.

Од друга страна , продолжува тој, јужниот сосед на Македонија, Грција, е бескрајно гневна на одлуката државата да се вика по своето уставно име Македонија.

Како казна Грција континуирано ја опструира Македонија кон патот на интеграција на државата во ЕУ и НАТО. Лидерството на владејачката партија, ООН, како и Меѓународниот суд на правда, сите се едногласни дека барањата за промена на името се спротив меѓународното право. Од друга страна Зоран Заев и неговите социјалдемократи не прават услуга на државата со тоа што сугерираат приспособување кон позицијата на Грција, пишува тој.

Анти-демократската промена на власта било каде на Балканот заклучува тој, не е во ничиј интерес а најмалку на Западот. Слободните, транспарентни избори закажани на 5 јуни се во интерес на Македонија, на регионот и на целиот западен свет.

The Daily caller е еден од најголемите веб њуз портали во САД со околу 35 милиони поединечни посетители.

Најчитани вести