Дајана Рос повредена во сообраќајка

Дајана Рос повредена во сообраќајка
Дајана Рос повредена во сообраќајка

Пејачката Дајана Рос (72) е повредена во  сообраќајна несреќа која се случила кога во нејзината лимузина со која одела на концерт во Пенсилванија, удрил друг автомобил.

Полицијата соопштила дека 72-годишната пејачка по несреќата, која се случила средата попладне се пожаила на болки во главата и во вратот, и дека и е укажана лекарска помош на лице место. Освен пејачката никој друг не бил повреден во сообраќајката.

Виновник за сударот наводно бил возачот на другиот автомобил. Станува збор за 22-годишна девојка од Њу Џерси.

Дајана на социјалните мрежи потврди дека имала сообраќајна несреќа, но истакнала дека се чувстува добро и дека нема потреба за грижа. Таа на својот профил на Фејсбук навела дека нема да го откаже својот следен настап.