Дајте им боја на спомените

Под мотото „Дајте им боја на спомените“ во градинката „Буба Мара“ во скопско Ново Лисиче денеска ќе се одржи третата акција YANA (You Are Not Alone), која има за цел да ги поттикне луѓето да бидат општествено одговорни преку грижата кон заедницата и животната средина.

Во рамките на акцијата во градинката ќе се бојадисуваат ѕидовите исцртани со графити.