Дакота Џонсон и’ забрани на мајка и да го гледа филмот „50 нијанси сива“

Филмот „50 нијанси сива“ кој треба да биде премиерно прикажан на Денот на вљубените во 2015 година од самиот почеток на снимањето привлече големо внимание. Иако сите нетрпеливо очекуваат филмот да се појави во кино салите, на една личност воопшто не и се допаѓа целата оваа приказна.

Познатата актерка Мелани Грифит, која и е мајка на Дакота Џонсон која го толкува главниот лик во филмот воопшто не е среќна за оваа улога.

Како што пишуваат светските таблоиди, 25-годишната ќерка не само што и’ забранила на Грифит да се појави на премиерата на филмот, туку бара и воопшто да не го гледа.

Дакота смета дека тоа во никој случај не е соодветно, а и Мелани се сложува со тоа.

– Нема да го гледам филмот. Ќерка ми не сака да го гледам, изјави неодамна актерката.