Дакота Џонсон: Снимањето секс сцени е здодевно

Провокативните сцени од филмот „50 нијанси сива“, што привлекоа големо внимание кај публиката, по се изгледа и’ здодеаја на главната актерка Дакота Џонсон.

Актерката што ја толкува улогата на Анастазија Стил во продолжението на филмот, откри дека прилично и’ здодеало од „симулирање секс седум часа без престан“.

Денес снимам една од секс сцените. Не е пријатно. Прилично е здодевно. Немам вистински секс, но симулирам секс седум часа без престан, не ми е интересно, вели Дакота во разговор за магазинот „Интервју“.

Филмот „50 нијанси помрачно“ ќе излезе во кино салите на 10-ти февруари 2017-та година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.