Дакворт прва сенаторка во САД која родила во текот на мандатот

Педесетгодишната американска сенаторка Тами Дакворт доби ќерка и така стана првата сенаторка во историјата којашто родила во текот на мандатот, објави во понеделникот BBC.

Демократската претставничка од сојузната држава Илиноис, објавила на Twitter дека малата Мајл Перл Боувлсби го добила името по пратетката на нејзиниот сопруг која била медицинска сестра во текот на Втората светска војна.

Дакворт е поранешен пилот на воен хеликоптер којашто ги загубила двете нозе во несреќа во Ирак во 2004 година. Како ветеран од Ирачката војна веќе влезе во историјата како првата жена со инвалидитет избрана во Сенатот.

Таа е една од десетте жени кои раѓаат деца во текот додека извршуваат некоја изборна сојузна должност, истакнуваат американските медиуми.