Дал гас на влажен пат и летнал 4 метри во воздух (ВИДЕО)

На видеото е снимена страшна сообраќајна незгода, но, за среќа е без смртен исход, иако во еден момент автомобилот се наоѓал четири метри во воздух.

Возачот на поршето следниот пат сигурно ќе размисли подобро пред да седне во автомобил и на автопат да „нагази до крај“. Откако изгубил контрола над автомобилот, неговото возило „полетало“ неколку метри во воздух, се свртело и паднало на патот.

Несреќата се случила во вторникот, во централна Русија, на автопат на излез од Новосибирск.
За жал, ни возачот, ни сувозачот не биле врзани со појас, па веднаш по несреќата се префрлени во болница со тешки телесни повреди.