Далај лама преговара со Кина за враќање на Тибет

Тибетскиот духовен лидер Далај лама изјави денеска дека со кинеските власти се водат неофицијални преговори околу тоа да се реализира историскиот аџилак на Тибет, по половина век во прогонство, јави Танјуг.

Далај лама рече дека на претставниците со кои разговарал во Кина, „јасно им на изразил“ својата желба да ја посети планината Вутај Шан во својата родна земја, која Тибеќаните ја сметаат за света.

– Планот сè уште не е финализиран, но идејата постои. Неофицијално за тоа се разговара – рече Далај лама.