сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Дали 25. годишно девојче го нашла одговорот на антибиотската отпорност?

Студентка на 25 години успеала да го пронајде начинот да се бори против бактерии кои се отпорни на антибиотици.

133361379

Поврзани вести

Овој нов метод до сега е само тестиран во лабораторија и тоа на глувци, но може да понуди многу решенија на проблемот со антибиотската отпорност, што од неодамна ОН го прогласи за „фундаментална“ закана за светското здравје.

Антибиотски резистентни бактерии успеаваат да убијат околу 700.000 луѓе годишно, но истражувањата велат дека таа бројка може да се искачи и на 10 милиони до 2050 година.

Како засилување на честата болничка супер бактерија, метицилин отпорната Staphylococcus aureus, научниците стравуваат дека ќе дојде на „помош“ и гонореата со тоа што ќе стане отпорна на сите познати антибиотици.

Шу Лам, 25 годишна студентка од Универзитетот во Мелбурн, Австралија, создала полимер во форма на ѕвезда кој може да убие шест различни видови на супербактерии без антибиотици, едноставно преку уништување на нивниот клеточен ѕид.

„Откривме дека полимерите всушност ја тергетираат бактеријата и ја убиваат на неколку начини“, вели Лам за Телеграф. „Еден метод е преку физичко уништување на ѕидот на бактеријата. Тоа создава премногу стрес за неа и таа почнува самата да се самоуништува“, додава Лам.

Ова истражувње е објавено во Нејчр Микробајолоџи и веќе почнува да ги изненадува научниците од ова поле ширум светот, додавајќи дека вака може да се смени лицето на модерната медицина.

Пред да почнеме да се радуваме, треба да имаме на ум дека ова истражување е во почетен стадиум. До сега Лам својот ѕвезден полимер го има тестирано на шест супербактерии во лабораторија и на една супербактерија во живо глувче.

Убавата вест е што во сите обиди и експерименти, полимерот ја добива војната и генерација по генерација бактериите не успеваат да создадат имунитет на него.

Полимерите, кои ги викаат SNAPP, или структурално наноинженирана антимикробски пептиден полимер, работат на начин што директно ги напаѓаат, пенетрираат и ги дестабилизираат клеточните мембрани на бактериите.

За разлика од антибиотиците, кои ја „трујат“ бактеријата и можат да нападнат и здрави клетки во околината, полимерот кој го дизајнирала Лам е толку голем што изгледа дека воопшто не ги напаѓаат здравите клетки.

„Со овој полимеризиран пептид без разлика дали се експериментира на глушец или на слон, здравите клетки се изоставаат благодарение на големината на полимерот“, вели надзорникот на Лам, Грег Киао за Сиднеј Морнинг Хералд.

Покрај тоа што резултатите се позитивни се до сега, прерано е да се израдуваме на тоа што ова може да стори за човештвото, вели Кирил Бојер од Универзитетот од Нов Јужен Велс во Австралија, кој не бил дел од ова истражување.

„Главната предност е што тие ги убиваат бактериите многу ефикасно и селективно, отколку други пептиди“, додава Бојер. Тој вели дека овие истражувања се многу далеку од клинички испитувања.

Тоа што е интересно во овој проект е тоа што додека други тимови бараат нови антибиотици, Лам најде сосема поинаков пристап кој може да ја направи сета разлика во новиот „постантибиотски свет“.

Барем за тоа таа се надева.

„Некое време требаше да доаѓам во четири часот во утрината за да ги контролирам моите глувци и клетки“, вели таа за Телеграф. „Сакав да бидам дел од некое истражување кое ќе реши проблеми… навистина се надевам дека полимерите кои ги развиваме би можеле да бидат решение барем за овој проблем“.

Најчитани вести