Дали Барселона му “пушти” бод на Депортиво ?!

Натпреварот од последното коло од шпанската Примера помеѓу Барселона и Депортиво Ла Коруња е под истрага поради сомнение дека е наместен.

Каталонскиот тим ретко губи или игра нерешено на натпревари на кои имал водство од 2:0. Сепак, тоа се случи во последното коло против Депортиво, натпревар кој завршил 2:2.

Барселона водеше со 2:0 со головите на Лионел Меси во 5-та и 59-та минута, но со головите на Лукас во 67-ма и Диого 76-та Депортиво израмни на 2:2.

“Ел Мундо Депортиво” истрагата е покрената по изјавата на дефанзивецот на Депортиво Алберто Лопо:

– Му кажав на Чави да успорат малку, така е најдобро за двата тима.

Во последното коло на Барселона не и беа потребни бодови, бидејќи титулата беше обезбедена, додека со освоениот бод Депортиво Ла Коруња го обезбеди опстанокот.