БЕГ го доби истиот стечаен управник од „Сведмилк“

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по службена должност за упис на решение за поведување на претходна постапка на Основен Суд Скопје 2 Скопје во друштвото за производство на топлинска енергија Производство на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје донесе решение со кое се одобрува пријавата.  За привремен стечаен управник се определува  Богољуб Макревски, кој беше стечаен управник и на скандалозната компанијаСведмилк“.

Управувањето и во млекарницата беше во надлежност на стечајниот управник Макревски, млекарницата требаше да продолжи со откуп на млеко и од продажбата да ги исплаќа сточарите. Но, работите се заплеткаа тој  со одолговлекувањата за стечајот, ја туркаше млекарницата во бесконечен стечај и целосно пропаѓање. Млекарницата не само што не работеше туку создаваше камати на милионските долгови. На почетокот на јуни 2009 година конечно беше отворена стечајанта постапка за „Сведмилк”. Но и тука не застнаа голготите за фармерите и другите доверители. По безброј пати се одложуваа судските рочишта, се оспоруваа хипотеки, и до ден денес нема конечна разрешница.

Со Решение I СТ-103/18 од 13.04.2018 година на Основен суд Скопје 2 Скопје се поведува претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот друштво за производство на топлинска енергија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

Закажаното рочиште поради изјаснување по предлогот за отворање на стечајна постапка ена ден 10.05.2018 година во 13,15 часот, а привремениот стечаен управник се задолжува да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, да дава согласност на органите за управување на должникот за водење на работењето се до донесување на одлука за отворање на стечајна постапка со цел да се избегне значително намалување на имотот и да испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите и да изготви извештај за економско финансиската состојба на должникот – се вели во информацијата.  Се одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот. Се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и се забранува исплати од сметките на должникот.

Во документот се вели дека се повикуваат  должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат, а должниковите солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот, се задолжува должникот да му овозможи на привремениот стечаен управник да влезе во неговите деловни простории за да може да ги спроведе потребните дејствија, како и да му допушти увид во трговските книги и неговата деловна документација.

Исто така се задолжува привремениот стечаен управник во прилог на Извештајот за економско – финансиската состојба на должникот да ги достави и следните потврди: потврда од Агенцијата за катастар на недвижности, потврда од МВР, потврда од Централен депозитар за хартии од вредност, потврда од Заложен регистар, потврда од Централниот регистар на РМ дали должникот располага со имот во друго трговско друштво.

Да се објави оглас на веб страница на Централен регистар на Република Македонија – Регионална регистрациона канцеларија – Скопје, во Службен весник на Република Македонија , на огласна табла на судот и на веб страница на Основен суд Скопје II Скопје“, пишува во судското решение.

Токму ова акционерско друштво го поднело до суд предлогот за отворање на стечајна постапка. Зад предлогот стои и Трговско друштво за монтажа, инжинеринг, трговија и угостителство КРАТЕР ДООЕЛ увоз – извоз Илинден. На 13-ти април судот донел решение за испитување на условите за отворање на стечај, а судското рочиште за изјаснување по предлогот е закажано за следниот месец. Веќе е определен и привремен стечаен управник, велат од судот за „Фокус“.

Дали фирмата ќерка на Групацијата БЕГ ќе се добие катанец на врата и како тоа ќе влијае на мрежата која ги опслужува повеќе од половина од корисниците на парно греење во Скопје, ќе се знае по судското рочиште на кое ќе се произнесат странките. За сега нема официјални изјави од фирмата – што ја доведе до предстечајна постапка и колку изнесуваат вкупните долгови.