четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Дали Бобо Дајнерс, Фетаи, Стефанова, Бубевски и обвинетите во „Пуч“ ќе побараат поништување на аболицијата?

Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Ова вчера го изјави шефот на државата Ѓорге Иванов, кој донее одлука за поништување на помилувањата за 22 лица, како што наведе, сите политички експонирани, пишува „Курир“.

Pomoluvanje-SDSM-640x397

Поврзани вести

Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Ова вчера го изјави шефот на државата Ѓорге Иванов, кој донее одлука за поништување на помилувањата за 22 лица, како што наведе, сите политички експонирани, пишува „Курир“.

Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Не сакам, нагласи Иванов, веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот.Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки, истакна Иванов вчера во обраќањето до граѓаните во претседателската вила „Водно“.

Тој посочи дека сите други лица кои беа помилувани на 12 април, согласно законските измени, имаат можност  да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

По ваквата одлука на претседателот Иванов, се поставува прашањето дали ваквата можност ќе ја искористат сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, адвокатот Гаврил Бубевски, обвинителката Лиле Стефанова, сопругата на првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски, Соња Верушевска, Звонко Костовски, Ѓорѓи  Лазаревски и останатите лица кои не се опфатени со деаболицјата.

Сопругот на Шекеринска обвинет за аферата „Кирии“- ќе се откаже од амнестијата?

Божидар Jанковски…

Најчитани вести