Дали Бобо Дајнерс, Фетаи, Стефанова, Бубевски и обвинетите во „Пуч“ ќе побараат поништување на аболицијата?

Божидар Jанковски познат како Бобо Дајнерс во февруари заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009-та до 31 12 2013-та односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.

Сопругот на Шекеринска обвинет за аферата „Кирии“- ќе се откаже од амнестијата?
Сопругот на Шекеринска обвинет за аферата „Кирии“- ќе се откаже од амнестијата?

За тековната 2009та година од јануари до октомври исплаќана е  кирија од 2100 евра за стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. За стан во Охрид пак за месеците ноември и декември е исплатена кирија од 900 евра месечно. Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1ви ноември 2009та до февруари 2013та авансно на 12 ноември 2009та се исплатени кирии во износ од речиси 90 000 евра за стан на булеварот Партизански одреди во Скопје. Вкупно во 2009та се исплатени над 100 000 евра по основ на кирии.

Во 2010та гоидна исплаќана е кирија за станб на улица хаванска по цена од 2500 евра месечно од јули до ноеври а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра. Во 2011та исплаќана е закупнина за станот на улица хаванска пои цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра емсечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.

Во текот на 2012та за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски. Истата математика била направена и во 2013та кога повторно за станот на Хаванска биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија. Вкупно за периодот од 5 години од сметката на дајнерс на сметката на сопругот на Радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300.000 евра.

Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

Ќе побараат ли Фетаи, Стефанова, Бубевски и обвинетите во „Пуч“ повлекување на аболицијата?

Специјалните обвинители…