Дали Бобо Дајнерс, Фетаи, Стефанова, Бубевски и обвинетите во „Пуч“ ќе побараат поништување на аболицијата?

Специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и кумот на адвокатот на Заев, Филип Медарски- Гаврил Бубевски, исто така се најдоа меѓу помилуваните од претседателот Ѓорѓе Иванов за кои вчера не беше повлечена аболицијата. Инаку, тие беа гонети поради сомнежи дека вршеле притисок врз сведоци.

Покрај нив, исто така се отвора и прашањето дали и обвинетите во случајот „Пуч“, кои не се најдоа на вчерашниот список на Иванов, Соња Верушевска, Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски ќе се откажат од аболицијата.

Судење за „Пуч“
Судење за „Пуч“

За еден од обвинетите Звонко Костовски, процесот заврши со спогодба – тој ја призна вината и се согласил на тригодишна затворска казна но беше ослободен веднаш по аболицијата на претседателот Иванов. Звонко Костовски на 25-ти февруари минатата година доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.

Во пресудата која медиумите ја добија користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека дека делата на вработениот во МВР кој беше осуден започнале во 2010.

Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на премиерот Груевски, министерката Јаснкулоска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвемнкосвки и РШ на Радмила Шекеринска.

Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.

Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З.К. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ., стои во судската пресуда.

Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинбителство која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. Тој беше ослободен по донесувањето на одлуката на претседателот Иванов за аболиција.