Дали е можно да изедете премногу овошје?

Уште од мали нозе ни велат дека е мошне важно да јадеме овошје, но дали е можно да изедете премногу? По се изгледа дека е можно, особено ако сакате да ослабнете.

Иако овошјето е преполно со витамини, минерали, антиоксиданси и влакна и сметаме дека е дел од балансираната и здрава исхрана, тоа содржи и големо количество шеќери. Нутриционистката Синтија Сас смета дека дефинитивно е потребно да се има мерка кога станува збор за овошјето и не препорачува да го јадете во иста количина како и зеленчукот.

Таа препорачува две до четири порции овошје дневно, додека една порција е еден филџан од некое постино овошје или парче овошје со големина на топче за бејзбол.

Количината на овошјето зависи на големо од вашата активност и индивидуални потреби, како и факторите како што се возраста, полот и нивото на физичка активност, но дефинитивно треба да ја знаете границата. Овошјето е полно со шеќери и јаглени хидрати, па така мошне лесно можете да паднете во заблуда дека со конзумирањето на овие производи ќе ослабнете, иако тоа не мора да се случи, објаснува Сас.

Голем број експерти го делат мислењето за тоа дека во зеленчукот можете да ги пронајдете сите потребни хранливи вредности како и во овошјето, но без шеќери. Без разлика на се, како и во се друго во животот, и овде е потребна умереност.

Потребно е да се нагласи дека не се сите овошја подеднакво богати со шеќери и јаглен хидрати, па ако внимавате на килограмите, тогаш би било добро да го избегнувате овошјето како што се бананите, грозјето, смоквите, урмите, мангото, црешите или сушеното овошје, како што се сувото грозје или сувите сливи. Меѓу покалоричното овошје се и коскестите овошја како бадеми, ореви, лешници, па и нив секако би требало да ги консумирате умерено.

Во исклучително калоричното овошје се вбројува и авокадото што содржи доста здрави маснотии, па експертите препорачуваат да го јадете редовно, но умерено.

Како овошје со најниска калорична вредност се напоменува цитрусното овошје, како што се портокали, мандарини, лимон и цитрон, шумското овошје (јагоди, боровинки, малини, капини), лубеницата, кивите…

Сас советува да се храните сезонски, односно со она овошје што расте во одредени периоди на годината. Пред нас е летото, па така тоа е идеално време за лубеници, дињи и шумско овошје…