среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 11

Дали е можно да сте вљубени во двајца истовремено?

Кога треба да изберете еден од двајцата во кои сте вљубени се јавува чувство на растргнатост и ова станува едно навистина збунувачко искуство. Сепак гледајте на тоа од ведрата страна и обидете се вашиот избор да го претворите во забава.

trijagolnik

Последни вести

Дали е можно да сте вљубени во двајца истовремено? Оваа замрсена ситуација беше опфатена и во култната ТВ серија Сексот и градот! Се сеќавате на Кери Бредшоу, Ѕверка и Ејдан – тоа беше незаборавен љубовен триаголник. Значи ова и се случи на Кери, а лесно може да ви се случи и вам?

Голем број луѓе може да имаат емоции кон две различни личности истовремено. Но сега, го поставуваме прашањето, дали навистина може да сакате две личности истовремено?

Според Рамани Дурвасул, професорот по психологија на УЦЛА, одговорот е: „Да“! Ние сметаме дека љубовта има само еден вкус, но таа всушност е навистина многу повеќе од тоа. Можеби би било подобро работите да ги гледаме на следниот начин: чоколадата и јагодите се многу различни, но и двата вкуса се фантастични.

Како се случува љубовниот триаголник?

Ние сме сложени и комплицирани суштества и затоа е навистина лесно две целосно различни карактеристики кои што две различни личности ги поседуваат да влијаат врз нас. Тоа е слично како кога растете, па со текот на времето наидувате на различни луѓе што магнетски ве привлекуваат и дополнуваат различни апсекти од вас, напоменува Рамани.

Едноставно, привлечноста меѓу луѓето е биолошко искуство. Може да се случи, иако сте во долга и сериозна врска, да запознаете некоја личност на работа, која „ќе ги разбуди“ вашите хормони. Или можеби да излегувате подолго време со двајца истовремено и да сфатите дека и двајцата многу ве привлекуваат.

Што да правите ако сте вљубени во двајца?

Кога треба да изберете еден од двајцата во кои сте вљубени се јавува чувство на растргнатост и ова станува едно навистина збунувачко искуство. Сепак гледајте на тоа од ведрата страна и обидете се вашиот избор да го претворите во забава.

Што да правите ако сте вљубени во двајца?

Што да правите ако сте вљубени во двајца?

Продолжете да истражувате и да ги испитувате нивните афинитети, како и плановите што тие ги имаат со вас. Отворените врски не се толку многу прифатени во општеството, но во случајов навистина многу може да ви помогнат. Правилата за отворена врска, може да ве одведат до отворен разговор, којшто не вклучува никакви граници.

За оние што повеќе се свртени кон традиционалните врски и сакаат сепак да се посветат само на една личност еве еден совет.

Знам дека ова е ужасен предлог, но навистина делува. Направете листа на предности и недостатоци и бидете искрени кон себе си кога ќе ја пишувате. Обрнете внимание на две нешта: Вие во моментов сте заплеткани во вртлогот на страстите и навалата на емоции, но несебичната, цврста и силна љубов секогаш победува на крајот. Размислете за тоа на следниот начин: Кој од нив би бил 100 отсто со вас кога сте болни и кој до нив би ве сакал без разлика на сето она што ќе го донесе животот, советува психологот Рамадани.

Ако сеуште чувствувате дека не сте подготвени да ја донесете оваа важна одлука, тогаш можеби би било најдобро малку да отпатувате и да ја промените средината. Тогаш ќе имате време да размислите добро за се.

Како да знаете кој е вистинскиот за вас?

Кога ќе дојде моментот за одлука, држете се цврсто до неа.

Кога ќе дојде моментот за одлука, држете се цврсто до неа.

За жал, тоа неможете да го знаете. Не постои математичка формула што ќе ви каже што да направите и кој е вистинскиот и добар избор за вас. Дури и во некои моменти ако сте вљубени во двајца, може да „се фатите“ себе си дека на еден од нив сте му дале „мала предност“. Следете ја таа интуиција. Кога ќе дојде моментот за одлука, држете се цврсто до неа.

Свртете се кон личноста што сте ја избрале и оддалечете се од другиот. На тој начин ќе му дадете прилика на вашиот однос да успее.

Најчитани вести