Дали е ова НЛО: Мистериозна светлина на небото над Русија (видео)

Мистериозна молња повторно го осветли небото над Русија, поради што некои се сомневаат дека Земјата била посетена од вонземјани.

Експертите велат дека сино-белата светлина, која го осветли небото над Ставропољ во јужна Русија, не е природна, но според нив нејзиниот извор е од Земјата.

Чудната светлина не била проследена со звук, тврдат сведоците, а некои од нив успеале и да го снимат овој чуден настан.

Дел од сведоците тврдат дека во домовите забележале треперење на светилките за време на блесокот.

-Се уплашив од она што го видов. Веќе бев во постелата. Изгледаше како нешто многу светло да го осветли таванот во мојата соба, изјави една жена за Раша тудеј.

Светлината е снимена и со камера од автомобил 39 минути по полноќ.

Дел од луѓето сметаат дека стнува збор за воена вежба, дефект на електричната мрежа, поларна светлост, астероид, па дури и НЛО.

Ова не е прв пат чудна светлина да биде регистрирана во Русија. Во ноември минатата година чуден блесок кој траеше дури 11 секунди го осветли небото над Екатеринбург.