Дали Ешли Кол ќе заигра и во трет англиски гигант ?!

Дали Ешли Кол е замената на Ван Гал за Лук Шо ?!

Имено, по тешката повреда која Лук Шо ја заработи на дуелот против ПСВ, англискиот репрезентативец ќе мора да паузира минимум шест месеци. Менаџерот на “црвените ѓаволи”, Луј Ван Гал на располагање како лев бек го има и Маркус Рохо, а принудно на таа позиција може да игра и Дејли Блинд.

Сепак, одредени медиуми на Островот пишуваат за евентуална преселба на Ешли Кол во Јунајтед, и тоа како слободен играч. Кол е под договор со Рома, но по одличните игри на Лукас Дигне, јасно е дека место за него во првиот тим на “римската волчица” нема да има. Токму поради ова, преку спогодбено раскинување на договорот, англискиот репрезентативец би станал слободен играч и како таков ќе може да потпише договор со тимот на Манчестер Јунајтед.

Кол има акумулирано огромно искуство во Премиер лигата, бидејќи долго време настапуваше за Арсенал и Челзи, што го прави идеално засилување за тимот на Ван Гал.

Лук Шо ги покажа страшните последици од скршеницата на ногата

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, е опериран по двојната скршеница на ногата што ја заработи на мечот против ПСВ Ајндховен на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите. По грубиот старт на Ектор Морено, левиот бек на Јунајтед заработи сериозна повреда која ќе го оддалечи од фудбалските терени најмалку шест месеци.

Ногата на Лук Шо по операцијата изгледа страшно
Ногата на Лук Шо по операцијата изгледа страшно

По брзата интервенција на медицинскиот тим Лук Шо беше пренесен во болница, а потоа е извршена и операција за санирање на страшната повреда. Самиот Шо на Твитер ги покажа страшните последици од скршеницата, но по хируршкиот зафат.

“Ќе се вратам посилен од порано”, порача Лук Шо.