Дали Евросонгот е наместен – Протекоа информации за тоа како ќе гласа Русија?

Правилата за гласање на Евровизија оваа година се построги од кога било, а на членовите на жири-комисиите на секоја од 42. земји им биле дадени јасни инструкции за дозволени и недозволени активности, пишува српски „Курир“.

Сепак, жирито на Русија се најде во центарот на сериозен скандал. Имено на Јутјуб се појави снимка на која членовите на ова жири ги гледале настапите на холандските и ерменските претставници, а во разговорот некој од нив рекол дека на Холандија ќе ѝ доделат седум поени.

Во видеото јасно се гледа дека руското жири прекрши серија строги правила: тие не треба да се смеат за време на бодирањето, апсолутно е забрането да се објавуваат информации од гласањето во јавност, а не смее да се снима ниту екранот.

Реакцијата на организаторите засега не е позната, но се шпекулира дека за руското жири ќе следува строга казна.