Дали ХААРП е виновен за снегот во САД?

ХААРП е систем кој настана на иницијатива и со финансии на американската војска првенствено за истражување на јоносферата, а се наоѓа во градот Гакун на Алјаска.

Теоретичарите на завери за снежното невреме кое ги зафати САД и во некои делови од државата Њујорк донесе снежен нанос повисок дури и од метар, сметаат дека за тоа е виновен американскиот контроверзен систем ХААРП.

Поради севкупанта таинственост која го опкружува овој проект, често се шпекулира дека се користи за многу други работи, а не само за она за што е дизајниран.

Една од нив е управување со временските прилики, што конкретно во овој случај кај поголем дел од американската јавност и луѓето кои се занимаваат со теории на завери им звучи примамливо, бидејќи невремето дошло одеднаш, а велат дека така и ќе си замине.

Познато е дека на Хаити и во Јапонија, ХААРП предизвика торнадо ветрови и тропска бура, поради што дел од јавноста се прашува дали нивната Влада го насочила ова оружје кон своите граѓани.

Иако научникот Мичио Каку пред неколку недели ја изнесе теоријата дека Америка ќе ја зафати ваков тип на снежно невреме, сепак ХААРП се уште се споменува како виновник за оваа состојба.