Магазин

Дали и вие лажете колку книги сте прочитале?

Дали и вие лажете колку книги сте прочитале?

Едно истражување покажа дека дури 60 отсто од луѓето лажат дека прочитале некои книги кои што воопшто не ги ни отвориле. На листата на дела што луѓето лажно ги прочитале се наоѓа класиката за деца „Алиса во земјата на чудата“, покажува истражувањето на Би Би Си.

„1984“ на Орвел, трилогијата „Господар на прстените“ на Толкин, „Војна и мир“ и „Ана Каренина“ на Толстој, како и „Авантурите на Шерлок Холмс“ од Артур Конан Дојл се на врвот на листата.

По нив доаѓаат „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин, како и „Ловец во жито“ на Селиџер, а тука дури се најдоа и сериите книги за Хари Потер, како и глобалниот бестселер на Е. Л. Џејмс „50 нијанси“.

Истражувањето ги испитувало навиките на 2.000 Британци, а според него еден од четворица луѓе лаже за тоа колку книги прочитал.

Дали и вие лажете колку книги сте прочитале?
Дали и вие лажете колку книги сте прочитале?

Луѓето се поподготвени да излажат дека читале некои класични романи, затоа што така во општеството делуваат поинтелегентно. Но, 42 отсто од нив своите познавања за класиците ги засноваат на тв адаптациите и филмовите или кратките сижеа што може да се најдат на интернет.

Интересно е и тоа дека, некои филмски адаптации всушност ги навеле читателите да го прочитаат и делото.

Зошто луѓето лажат за тоа што го прочитале?

Поголемиот дел од луѓето сакаат да делуваат поинтелегентно, особено кога ќе почне разговорот за книгите. Лажењето за тоа што го прочитале можеби и е знак на литерарно натпреварување.

Исто така, делува дека начитаноста претставува доста привлечен елемент во заведувањето, па дури 60 отсто од испитаниците во студијата на Би Би Си рекле дека личноста што чита книги делува попривлечно.