Дали јавните тоалети се опасни по здравјето?

Дали и вие пред да седнете на тоалетната школка прво добро ја обложувате со тоалетна хартија и стравувате да не добиете некоја болест? Ако тоа е така, тогаш слободно можете да престанете да го правите тоа, барем така велат научниците.

Микробиологот од Универзитетот во Њујорк, Филип Терно тврди дека преку тоалетната школка неможете да се заразите. Иако до скоро владееше теоријата дека тоалетната школка е виновник за пренесување на некои гастроинтестинални и сексуално преносливи болести, тоа сепак не е така.

Тој не го оспорува фактот дека на школката може да се најдат бактерии од типот на Ешерихија коли или стрептокока, но истакнува дека не постои можност да се заразиме доколку седнеме на школката. Но доколку со рацете ја допреме школката и по користењето на тоалетот не ги измиеме рацете, тогаш постои опасност од зараза.

Ако ги измиете рацете со обичен сапун и со топла вода, тогаш сте ги намалиле шансите за ширење на болеста за 50 отсто. Со цел да се осигурате и да ги намалите шансите на минимум, потребно е да ги измиете рацете со сапун најмалку 20 секунди.