Дали ќе биде извлечена најтрофејната група во историјата на тенисот ?!

Ѓоковиќ, Мареј, Федерер и Надал во иста група на Мастерсот во Лондон ?!

Ждрепката за него уште не е извршена, но направени се подготовки за неа и познато е кои тенисери не можат да бидат во иста група: првиот со вториот на АТП листата (Ѓоковиќ со Мареј), третиот со четвртиот (Федерер со Вавринка), петтиот со шестиот (Надал со Бердих) и седмиот со осмиот (Ферер со Нишикори).

За Ѓоковиќ, Федерер и Надал нема никакви пречки, па многу лесно би можеле да ја добиеме најтрофејната група во историјата, со вкупно 41 трофеи од Гренд слем турнирите и десет од последните 12 титули на завршниот Мастерс во Лондон.

Последниот во оваа група, Ферер или Нишикори ќе има тешка задача да обезбеди пласман во следната фаза.