Дали криминалците што тргуваа со „бомбите“ на Заев ќе станат амнестирани свиркачи?

Дали криминалците што тргуваа со „бомбите“ на Заев ќе станат амнестирани свиркачи? Ова прашање се наметнува откако вчера Венецијанската комисија ја даде препораката за законите за за приватност.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вчера во одговор на новинарско прашање рече дека препораката од Венецијанската комисија за законите за приватност и за свиркачи се сериозен индикатор дека секој којшто поседува сознанија за евентуални кривични или недозволени дела на носители на високи државни функции ќе може да ги објавува.

Одговарајќи на новинарско прашање дали тоа значи дека во иднина може да се очекува СДСМ повторно да почне да ги објавува незаконски прислушуваните материјали или т.н. бомби, Шилегов рече:

Како дел од политичкиот договор од Пржино е да не се објавуваат понатаму бомбите и знаете дека ние веќе и немаме таков тип на материјали бидејќи сите се предадени во Специјалното јавно обвинителство, меѓутоа тоа е сериозен индикатор дека секој којшто поседува сознанија за евентуални кривични или недозволени дела на носители на високи државни функции ќе може да ги објавува.

Венецијанската комисија која е советодавно тело во Советот на Европа вчера го објави своето мислење по двата Закони, за приватност и за свиркачи кои почнуваат да се применуваат сега или за краток период. Во однос на законот за заштита на приватноста се препорачува попрецизно објаснување и разработување на постапката за предавање на материјали на Специјалното јавно обвинителство.

Треба да се дозволи објавувањето на таквите материјали, кои се од Јавен интерес, пишува во мислењето на Венецијанската комисија. И во Законот за укажувачите, или информатори или „свиркачи“ треба да се обезбеди законската можност за јавно објавување.

Од Комисијата препорачаа дека во делот за заштита на информаторот, треба да се има предвид дефиницијата за Јавен интерес. Во Законот, според Комисијата, треба јасно да се заштити информаторот од евентуални дисциплински санкции и слични мерки кои се однесуваат на работното место и од кривични санкции и граѓанска одговорност и попрецизно треба да се каже, што може да биде исклучок од ова правило.

Ако се има предвид дека при предавањето на материјалите од страна на Заев до СЈО не беше изготвен детален записник, а исто така и дека во медиумите веќе се појавија информации дека со незаконски прислушуваните снимки се тргувало, оттука се поставува прашањето: Дали криминалците што тргувале со „бомбите“ може да станат амнестирани свиркачи доколку продолжат со објавување на овие материјали?

Во прилог на ова оди и фактот што при разоткривањето на мега аферата за Фабриката за афери, истражните органи меѓу другото најдоа и поголем дел од т.н. бомби, а дел од овие материјали пред извесно време беа незаконски објавени во јавноста. Дали ова значи дека СДСМ поради обврската со Пржинскиот договор нема да ги објавува разговорите, но тоа нема да се однесува на припадниците на т.н. фабрики за афери и соработниците на партијата, кои подоцна би биле заштитени преку Законот за т.н. свиркачи.

Според експертската јавност, препораката од Венецијанската комисија само ќе придонесе за уште поголемо продлабочување на политичката криза во земјата, а вистинската поента на законот што е донесен во Македонија е да се обезбеди правна заштита на свиркачите.

Каракамишева – Јовановска: Вистинската поента на македонскиот закон е правна заштита на свиркачите (повеќе на следната страница)