Дали криминалците што тргуваа со „бомбите“ на Заев ќе станат амнестирани свиркачи?

Каракамишева – Јовановска: Вистинската поента на македонскиот закон е правна заштита на свиркачите

Универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска во изјава за Нетпрес вели дека иако во образложението на Законот стои дека станува збор за европска практика на заштита на државата и на граѓаните од разните форми на корупциски и криминални активности присутни во системот кои согласно законот треба да бидат непречено пријавувани и санкционирани, главната, вистинската поента на македонскиот закон е, всушност, правна заштита на оние кои ќе вршат јавно објавување на незаконски стекнатите прислушувани разговори, кои согласно одредбите од овој закон, влегуваат во категоријата правно заштитени свиркачи.

Каракамишева – Јовановска: Вистинската поента на македонскиот закон е правна заштита на свиркачите
Каракамишева – Јовановска: Вистинската поента на македонскиот закон е правна заштита на свиркачите

Уште кога се преговараше носење Закон за свиркачи беше јасно која е целта и кој се треба да биде заштитен со истиот. Иако во образложението на Законот стои дека станува збор за европска практика на заштита на државата и на граѓаните од разните форми на корупциски и криминални активности присутни во системот кои согласно законот треба да бидат непречено пријавувани и санкционирани, главната, вистинската поента на македонскиот закон е, всушност, правна заштита на оние кои ќе вршат јавно објавување на незаконски стекнатите прислушувани разговори, кои согласно одредбите од овој закон, влегуваат во категоријата правно заштитени свиркачи. Она што не смее да се заборави е дека овој закон е само еден сегмент од правниот систем, и дека истиот не треба да се разгледува изолирано од останатите законски решенија што постојат во македонскиот правен систем, како на пример, Кривичниот законик, Законот за заштита на класифицирани информации, и многу други закони. Исто така, заштитата на свиркачите не треба да се разгледува во апсолутна смисла посебно ако се има предвид доктрината позната во меѓународното и во европското право за заштита на човековите слободи и права позната како „маргина на дискреција“. Накратко кажано, оваа доктрина упатува на почитување на различните културни и правни традиции што постојат во земјите-членки на Советот на Европа кои имаат различни стандарди во заштитата на човековите слободи и права, од една, и почитувањето на Европската конвенција за заштита на човековите слободи и права, од друга страна, вели таа.

Во продолжение Каракамишева Јовановска потенцира дека покрај случаите од судската практика на Европскиот суд кои се од значење при анализата на законските решенија на земјите-членки на Советот на Европа, потребно е да се има предвид и фактот дека Европската конвенција за човековите права дава можност секоја земја-членка да има своја маргина на дискреција кога станува збор за примена на Конвенцијата, поради фактот што Европа не е федерална држава, и што европските општества како правно, така и политички се разликуваат во многу елементи.

Иако е факт дека сите држави мора да го почитуваат правото на приватност, од една, и заштитата на слободата на изразувањето, од друга страна, сепак, несомнено е дека постојат разлики меѓу, на пример, француската традиција за заштита на приватната, личната репутација и углед која е прилично конзервативна, и, на пример, британската либерална традиција каде што жолтиот печат и таблоидите уживаат голема слобода и содветна правна заштита. Оттаму, прашањето за реализацијата на слободите и правата на граѓаните во македонскиот правен систем и нивната заштита не треба да се разгледува низ призмата на избрзани реакции и партиско-политички проценки, туку детално и преку анализирање на состојбите и решенијата во секој конкретен случај.

Пандов: Препораката од Венецијанската комисија ќе придонесе за уште поголемо продлабочување на кризата (повеќе на следната страница)