Дали криминалците што тргуваа со „бомбите“ на Заев ќе станат амнестирани свиркачи?

Пандов: Препораката од Венецијанската комисија ќе придонесе за уште поголемо продлабочување на кризата

Аналитичарот Александар Пандов пак во изјава за Нетпрес, препораката од Венецијанската комисија ја оцени како желба за уште поголемо продлабочување на кризата во земјата.

Пандов: Препораката од Венецијанската комисија ќе придонесе за уште поголемо продлабочување на кризата
Пандов: Препораката од Венецијанската комисија ќе придонесе за уште поголемо продлабочување на кризата

 

 

Покрај тоа што Македонија веќе година дена се наоѓа во политичка криза токму поради објавување на нелегално стекнати разговори, оваа препорака ја сфаќам само како желба на тие што сакаат само уште поголемо продлабочување на кризата во земјата. Јас би сакал да видам било кој од нив кога би имало за него приватни прислушувани разговори, како разговара со своето семејство или со своите пријатели, дали исто така ќе бара да бидат објавувани. Дополнително што во Македонија факт е дека беа фатени 70.000 вакви нелегално стекнати разговори кај познат скопски криминалец. Што значи дека сопствениците на тие разговори веќе тргувале со нив. Ако се задржи таа пракса тоа е отворен повик секој нареден министер за внатрешни работи максимално да ги ангажира апаратите за прислушување во МВР и онаму каде што ги има, дали во Агенцијата за разузнавање и сл. Значи тоа би била единствена и „легална“ борба за да се бори со своите политички противници. Ако тоа се дозволи, во тој случај криминалците во Македонија ќе бидат број еден и нема да ме чуди ако во некое идно време, мафијашите и криминалците да го превземат владеењето со државата, затоа што тоа е систем што е непознат во светски размери. И конечно на крај, мислам дека сме доведени во ваква ситуација затоа што СЈО на Катица Јанева не даде сеуште одговор на главното и основното прашање: Кој прислушувал во Република Македонија и од кадер произлегоа тие разговори, вели Пандов и додадава дека тоа е главното и основното прашање на кое Катица Јанева треба да даде одговор, вели Пандов.

Немањето на одговор на ова прашање, според Пандов доведува до тоа луѓето што прислушувале да останат на слобода и, како што рече, и понатаму да тргуваат со тие разговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.