ФОТО: Дали малиот Тадеј е најсреќното момче во Македонија?

Тадеј во прегратка со легендата на шпанскиот и светскиот фудбал воопшто, Икер Касиљас

Тадеј, кој својата љубов кон фудбалот ја има наследено од својот татко, Живко Здравковски (поранешен фудбалер на Вардар и Работнички и бивш фудбалски судија), иако има само 8 години, редовно ја следи и бодри македонската репрезентација.

Заедно со татко му, често пати успеваат да направат и по некоја фотографија со славните европски фудбалери и фудбалски работници, како спомен од нивните гостувања во Скопје.

Токму такви фотографии малиот Тадеј има и од последното гостување на шпанската фудбалска репрезентација, при што успеал да се фотографира со славниот шпански голамн, Икер Касиљас, селекторот на Шпанија, Винсенте Дел Боске, како и со претседателот на шпанската фудбалска федерација, Анхел Мариа Виљар.

Тадеј во прегратка со легендата на шпанскиот и светскиот фудбал воопшто, Икер Касиљас
Тадеј во прегратка со легендата на шпанскиот и светскиот фудбал воопшто, Икер Касиљас
Винсенте Дел Боске ретко може да го видиме во опуштени фотографии со своите фанови, но ете, Тадеј имал среќа да се слика и со славниот селектор
Винсенте Дел Боске ретко може да го видиме во опуштени фотографии со своите фанови, но ете, Тадеј имал среќа да се слика и со славниот селектор
Сликата со Претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз, Анхел Мариа Виљар е доказ дека младиот Тадеј во својата архива има вистинско богатство
Сликата со Претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз, Анхел Мариа Виљар е доказ дека младиот Тадеј во својата архива има вистинско богатство

Со оглед на фактот дека македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство е во група со Италија, можеби некоја од следните фотографии на Тадеј ќе биде со Џиџи Буфон, Даниеле Де Роси или пак со селекторот Антонио Конте…